Барселона славеше со убедливи 6-0 против американскиот Интер Мајами во својот трет натпревар од подготовките за новата сезона во домашниот шампионат и Европа.
Барселона постигна по три гола во двете полувремиња, а во листата на стрелците се запиша и новото засилување, Рафиња кој во 25. минута зголеми за 2-0.
Голови за Каталонците постигнаа и Обамејанг, Фати, Гави, Депај и Дембеле. Роберт Левандовски не беше дел од тимот на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

