Жозе Мурињо добива засилување од ПСЖ?

Жозе Мурињо неодамна се пожали за лошиот трансфер период на Рома, но португалскиот стратег сега е на добар пат за само неколку дена да добие две екстра засилувања. По ангажманот на Мауро Дибала, блиску до облекување на дресот на „волчицата“ е и Џини Вајналдум.

Холандскиот репрезентативец пред само една година се одлучи да го напушти Ливерпул и да се пресели во редовите на ПСЖ, но не се прослави во Париз. Тој помина поголем дел од сезоната на клупа отколку на теренот па во потрага по минутажа сега се наоѓа пред заминување од „Паркот на Принцевите“.

Договорот на 31-годишникот со ПСЖ е до 2024 година па заминувањето ќе значи едногодишна позајмица. Според француските медиуми играчот од средниот ред е подготвен да ја промени средината и овој трансфер се очекува наскоро да се комплетира.

Се вчитува...