„Новиот Мекејлеб“ ќе гостува во Скопје: Ферел го продолжи договорот со Цедевита Олимпија

Јоги Ферел, американскиот кошаркар кој во иднина најверојатно ќе го облече дресот на македонската кошаркарска репрезентација денеска официјално го продолжи договорот со словенскиот шампион Цедевита Олимпија и ќе настапува против македонскиот првак МЗТ Скопје во АБА лигата.

Дваесетидевегодишникот пристигна во Љубљана во декември 2021 година, одигра 22 натпревари во дресот на „змајчеги“ во АБА лигата, а во просек бележеше 12.6 поени, 3.4 асистенции и 2.4 скока. Бекот имаше забележливи настапи и во Еврокупот каде оствари просек од 15.3 поени, 4.7 асистенции и 2.6 скока на 15 одиграни средби па ја доби довербата на Словенците и за новата сезона.

Фарел се очекува да го наследи Џејкоб Вајли на местото на натурализиран играч во дресот на Македонија, а и покрај тоа што беше најавуван како нов репрезентативец за престојните натпревари против Данска и Словачка во претквалификациите за Европското првенство 2025, според последните информации нема да биде дел од „прозорецот“ во месец август.

Се вчитува...