Официјално: Дибала е нов фудбалер на Рома

Пауло Дибала од денеска и официјално е нов фудбалер на Рома. Аргентинскиот репрезентативец во редовите на „волчицата“ доаѓа како слободен играч по седум години поминати во Јувентус. Во главниот град на Италија ќе остане до 2025 година и ќе заработува шест милиони евра по сезона.

За услугите на Дибала постоеше интерес од повеќе европски гиганти меѓу кои и Интер, но и покрај тоа што двете страни беа блиску до потпис на договор трансферот пропадна, а за преминот во Рома пресуди разговорот со Жозе Мурињо.

Се вчитува...