Интер ни по неколку месечните преговори со Бремер не успеа да ја официјализира соработката па по заминувањето на Бразилецот во Јувентус погледот го насочи кон српскиот репрезентативец Никола Миленковиќ, пренесува Фабрицио Романо.
Дваесетичетиригодишникот кој е дел од Фиорентина од 2017 година се наметна како еден од најдобрите стопери во Серија А, а Интер ќе се обиде да го искористи фактот дека неговиот договор завршува на крајот на следната сезона за „принуден“ ангажман ова лето.
Поранешниот фудбалер на Партизан, популарниот Трансфермаркт го проценува на 20 милиони евра, сума која Интер сепак ќе мора да плати доколку сака да стигне до неговиот потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА