Слован Братислава стигна до изненадувачки триумф на гостувањето кај унгарскиот Ференцварош со 1-2. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Закаријасен во 70. минута. На 1-1 израмни Кашија во 81. минута, а конечните 1-2 само пет минути подоцна ги постави поранешниот фудбалер на Вардар, Тигран Барсегијан.
Динамо Киев и Фенербахче одиграа без победник 0-0 во првиот натпревар од двомечот во 2. коло во квалификациите за новата сезона во најсилното европско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите.
Голот на Тигран Барсегијан за победа на Слован Братислава можете да го погледнете на следниот линк.
КВАЛИФИКАЦИИ ЛШ 2. КОЛО РЕЗУЛТАТИ:
Хелсинки – Викторија Плзен 1-2
Макаби Х. – Олимпијакос 1-1
Динамо К. – Фенербахче 0-0
Ференцварош – Слован Братислава 1-2
Марибор – Шериф Т. 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА