Јанис потврди дека ќе игра за Грција

Првата ѕвезда на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо потврди дека летово ќе игра за кошаркарската репрезентација на Грција.

Јанис на социјалните мрежи сподели фотографија со дресот на Грција, со што ги потврди сите шпекулации за тоа како мисли да го помине крајот на летото.

Грција на крајот на август игра квалификации за Светското првенство, а потоа од 1. септември ќе биде дел од Евробаскетот. На Европското првенство Грција ќе игра во групата Ц заедно со репрезентациите на Естонија, Украина, Велика Британија, Италија и Хрватска.

 

Се вчитува...