Беше депортирана како Ѓоковиќ, а сега сето тоа е поништено

На чешката тенисерка Рената Ворацова и е поништено укинувањето на визата за во Австралија. Таа зимава беше депортирана исто како и Новак Ѓоковиќ, со тоа што судот утврди дека нејзиниот случај е различен.

Судот за жалба во Австралија ги виде сите докази од одбраната и донесе одлука дека и одобруваат виза која и овозможува влез во земјата како „законски недржавјанин“.

Ворацова имала убедливи причини зошто не смее да прими вакцина. Нејзиниот доктор потврди дека таа не смее да прими вакцина поради поради ранливост на тромбоза.

 

Се вчитува...