Максимилијано Алегрим, тренерот на Јувентус, даде свој коментар за новиот клуб на Пуало Дибала, па воедно потенцираше дека Аргентинецот направил вистински избор што кариерата ќе ја продолжи во Рома.
Офанзивниот играч летово по истекот на договорот се раздели со Јувентус, а иако беше блиску до потпис со Интер, сепак на крајот заврши во Рома.
„Верувам дека Рома е вистинскиот клуб за Пауло и му посакувам многу среќа. Тој е играч кој му даде многу на Јувентус и мислам дека ќе се снајде многу добро во Рома. Дибала е многу технички квалитетен играч и одлично ќе функционира со играч како Теми Абрахам. Потоа го имате менаџерот Жозе Мурињо, кој е многу добар“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА