Фудбалскиот репрезентативец и капитен на Македнија, Енис Барди, пред крајот на првото полувреме заработи црвен картон откако тргна да се тепа со противнички играч. Барди во мечот против Волвс го заврши уште во 35. минута по конфликтот со Москера од редовите на англискиот премиерлигаш..
Иако стануваше збор за пријателската пресметка меѓу Леванте и Вулверхемтон, сепак, страстите не можеа да се контролираат на теренот. На видеото од клупскиот јутјуб-канал на Волвс не се гледа најдобро зошто и како почна кавгата, кој го направи првиот физички контакт и дали македонскиот репрезентативец доби удар и настрада.
Појасно се гледа продолжението од пресметката, кога гневен трча кон фудбалерот, додека веќе се замешаа и останатите на теренот. Во тој момент Леванте имаше водство од 1-0, а во вториот дел зголеми и на 2-0.
Mosquera and Bardhi red card + fight #WWFC pic.twitter.com/cP3ZCc7hjj
— Joe (@wwfc_joe_) July 21, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

