Пауло Дибала од вчера и официјално стана нов фудбалер на Рома. Аргентинскиот репрезентативец во редовите на „волчицата“ дојде како слободен играч по седум години поминати во Јувентус. Во главниот град на Италија ќе остане до 2025 година и ќе заработува шест милиони евра по сезона.
По официјализираниот трансфер, Дибала во центарот на Рим доби и прекрасен мурал, со кој фановите му посакаа добредојде во новиот клуб.
Видеото на социјалните мрежи веднаш стана вирално, па наиде на голем број позитивни коментари од фудбалската јавност.
A mural welcoming Paulo Dybala has been painted in the centre of Roma ✨
𝐒𝐚𝐧 𝐏𝐚𝐮𝐥𝐨 𝐥𝐚 𝐉𝐨𝐲𝐚 🇦🇷pic.twitter.com/OyPZ9nqK1y
— Italian Football TV (@IFTVofficial) July 21, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА