Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорчевска продолжи со одличните настапи на ИТФ фјучерс во Олумуц, Чешка каде ја совлада петтата носителка Алиона Болсова од Шпанија со 2-0.
Ѓорчевска немаше проблеми во првиот сет кој го доби со 6-2, а потоа во голема битка славеше со 6-4 во вториот за пласман меѓу најдобрите осум тенисерки на турнирот.
Во четвртфиналето Македонката ќе се сретне со победникот од дуелот на Швајцарката Кони Перин и Американката Ема Наваро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

