Официјално: Србинот Крстајиќ е нов селектор на Бугарија

Српскиот стратег Младен Крстајиќ од денеска и официјално е нов селектор на бугарската фудбалска репрезентација. Дебито на поранешниот стратег на Макаби Тел Авив, ТСЦ Бачка Топола и српската репрезентација чиј дел беше од 2017 до 2019 година се очекува да биде во септември на натпреварите од Лигата на нации против Гибралтар и Македонија.

Претседателот на бугарската фудбалска репрезентација, Борислав Михаилов не го криеше задоволството од постигнатата соработка и очекува дека Србинот ќе донесе подобра иднина за бугарскиот фудбал.

„Мислам дека ова е чекор во вистинската насока. Младен е претставник на традиционално силна фудбалска и тренерска школа. Тој е млад и амбициозен, но има солидно искуство. Сигурен сум дека со својот авторитет ќе придонесе за подобра иднина на бугарската репрезентација“, изјави претседателот на БФС, Борислав Михаилов.

Македонија и Бугарија вториот натпревар од групната фаза ќе го одиграат на 26. септември во Скопје.

Се вчитува...