Германија тагува – почина легендарниот фудбалер Уве Зелер

Легендарниот германски фудбалер Уве Зелер почина на 85 годишна возраст во својот дом, окружен со својата фамилија, пренесуваат германските медиуми. Тој во претходните години имаше проблеми со здравјето, а не успеа да ја добие најбитната битка во животот.

Зелер е една од најголемите легенди на германскиот фудбал. За репрезентацијата на Западна Германија настапуваше во периодот од 1954 до 1970 година, настапи на 72 натпревари, а постигна 43 гола. За жал, никогаш не го исполни својот најголем сон – да ја освои титулата на Светското првенство.

Клупската кариера ја помина во Хамбург за кој настапи на 580 натпревари, а постигна 490 гола од кои 404 во Оберлигата, подоцна Бундеслигата со што е вториот Германец со најмногу постигнати голови зад Герд Милер.

Тој три пати го добиваше признанието за најдобар германски фудбалер, а во 1960 година заврши на третото место во изборот за Златна топка. Ќе биде запомнет како првиот играч во светот кој успеа да ја затресе мрежата на четири последователни Светски првенства.

Се вчитува...