Браќата Димитриевски остануваат верни на Гостивар

Ренато и Роберт Димитриевски и во новата сезона ќе го носат дресот на Гостивар. Браќата се дел од тимот од самото основање и денеска официјално ја продолжија соработакта која трае веќе осум години.

Како потсетување клубот кој во следната сезона ќе биде предводен од Љупчо Малинков претходно ја продолжи соработката и со Војче Лефковски, а го официјализираше и договорот со младиот Максим Митревски. Во тимот останува и доскорешниот тренер Никола Димитриевски кој ја превзема клупата во Суперлигата, но се враќа на позицијата помошен тренер.

Се вчитува...