Џеси Лингард следната сезона ќе го носи дресот на Нотингем Форест откако англискиот клуб денеска ја потврди неговата аквизиција. Англискиот репрезентативец новиот англиски прволигаш го засилува како слободен играч и според информациите во англиските медиуми ќе заработува околку 200 илјади фунти неделно.
Лингард беше дел од Манчестер Јунајтед од 2011 година, но и покрај тоа што беше дел од клубот дела деценија не успеа да се наметне и да го зацементира своето место меѓу почетните единаесетмина па се реши да замине од клубот со истекот на договорот.
Во текот на години тој често беше на позајмици во разни клубови од „Островот“ како Лестер, Бирмингем, Брајтон, Дерби и Вест Хам каде во сезоната 2020/21 ја препороди својата кариера. Тој имаше понуда за враќање во редовите на „чекикарите“, но со оглед на минатогодишните засилувања на лондонскио тим повторно „висеше“ неговиот првотимски статус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА