„Ветераните“ Соколов и Димчевски продолжуваат со Еуро Никел

Дарко Соколов и Ивица Димчевски и во новата сезона ќе бидат дел од Еуро Никел. Искусните кошаркари ги продолжија договорите со трикратниот освојувач на македонското првенство и се очекува да бидат од голема помош во обидот за враќање на трофејот во Кавадарци.

Плејмејкерот претходната сезона настапи на 34 средби и забележа просек од 11.5 поени, 4.1 скок и 3.6 асистенции, додека крилниот играч на 33 одиграни средби бележеше просек од 8.7 поени и 4.7 скока. Двајцата беа одлични и во реализацијата зад линијата 6,75 со просек од 38, односно 34 отсто.

Еуро Никел имаше опција следната сезона да заигра во АБА2 лигата, но тимот се соочи со кратење на буџетот по што се откажа од дебито во регионалното првенство. И покрај тоа очекувањата се минатогодишниот полуфиналист да остане конкурентен за висок пласман, а со таа цел претходно беа продолжени договорите со Кирил Николовски, Никола Караколев и Лука Стојановски. Од тимот замина Предраг Самарџиски.

Се вчитува...