Супер-трансфер: Алиоски потпишува за Бешикташ!

Трансферот на Езгијан Алиоски во редовите на Трабзонспор пропадна во последен момент, но македонскиот репрезентативец дефинитивно ќе ја продолжи кариерата во Турција. Бешикташ, а не Трабзон ќе биде новиот клуб на левоногиот офанзивен бек, откако „црно-белите“ од Истанбул ги договорија деталите од овој трансфер.

Дека трансферот е блиску до реализација беше јасно уште од утрово, откако тренерот на Ал Ахли реши Алиоски воопшто да не патува со остатокот од тимот на подготовките во Турција, чекајќи разврска за заминување од клубот. Бешикташ ги интензивираше преговорите, најпрвин постигна договор со Ал Ахли за едногодишна позајмица на Македонецот, а веднаш потоа беа договорени и личните услови.

Според турските медиуми, платата на Алиоски во Бешикташ ќе изнесува 2,2 милиони евра, а турскиот гигант наредното лето ќе има можност целосно да го откупи неговиот договор со Ал Ахли.

За очекување е Џани Алиоски во текот на утрешниот ден да ги финишира лекарските прегледи, а најдоцна за 48 часа и официјално да го стави потписот на договорот со новиот клуб, по што веднаш би се приклучил на подготовките на поранешниот турски првак.

Се вчитува...