Историја: Ѓоковиќ во иста екипа со Надал, Федерер и со Мареј

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе биде дел од годинашното издание на „Лејвер купот“. Тоа значи дека по долга пауза големата четворка, Федерер, Надал, Ѓоковиќ и Мареј ќе се најде на еден ист турнир, а за првпат во историјата овие четири тениски легенди ќе бидат дел од ист тим.

„Лејвер купот“ годинава ќе се одржи во лондонската „О2“ арена од 23. до 25. септември, а повторно како и претходните години ќе се сретнат тимот на Европа со тимот на остатокот од светот.

„Возбуден сум поради враќањето во тимот Европа. Ова е единствено натпреварување во кое играте како тим со момците кои најчесто во кариерата ви се ривали. Да играм заедно со Рафа, Роџер и Енди, моите тројца најголеми ривали ќе биде еден неверојатен момент“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...