Дани Алвеш стана „пума“ (ВИДЕО)

Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвеш по само неколку месеци заминува од Барселона и кариерата ќе ја продолжи во мексиканскиот прволигаш Пумас. За 39-годишникот тоа ќе биде прв предизвик во Северна Америка.

Алвеш кариерата ја започна во бразилскиот Бахиа, а во 2003 година премина во Севилја. Таму остана до 2008 година кога ја засили Барселона, а со каталонскиот гигант освои се што можеше да се освои. По осум години поминати на „Камп Ноу“ премина во Јувентус, а потоа следеа трансфери во ПСЖ и Сао Пауло.

Претходната сезона се врати во Барселона да му помогне на својот омилен клуб во тешките моменти, но и покрај тоа за него нема место во „четата“ на Чави.

Се вчитува...