Јувентус ова лето донесе две големи ѕвезди откако успеа да потпише со Пол Погба и Анхел Ди Марија на стартот на месец јули, ангажмани кои само ги потврди шампионските афинитети на клубот кој имаше разочарувачка сезона.
После 10 години, Јуве за првпат една сезона заврши без ниту еден освоен трофеј и беше далеку од битката за „скудетото“, но новите ѕвездени засилувања, збогатени со купувањето на Бремер од Торино, тимот од Торино ќе има обврска да се бори за титулата.
Според многумина, по две години пауза, Јувентус повторно е главен фаворит за највисок дострел, а ваквата должност не ја отфрла и Макс Алегри кој ја стартува втората сезона во втората етапа во клубот.
„Како и секогаш, Јувентус сака да ја оствари секоја цел која ја има на стартот на сезоната. Ова лето ни дојдоа неколку топ засилувања, искусни фудбалери, но имаме и млади во тимот. Покрај ова, влегуваме во втора сезона и веќе имаме добра база. После сезоната без трофеј, првпат после 10 години, имаме должност да го освоиме Скудетото“, признава Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА