Челси влегува во трка за ангажман на еден од најдобрите дриблери во Европа

Челси не успеа да ги ангажира Дембеле, Рафиња или Серж Гнабри па погледот го насочи кон еден од најдобрите дриблери во Европа, Алан Сан-Максиман, пренесуваат англиските медиуми. Фудбалерот на Њукасл Јунајтед е голема желба на Томас Тухел, но за негов ангажман на „сините“ нема да им биде нималку лесно.

Како противник во преговорите го имаат Тотенхем, а ниту Њукасл не е расположен за продажба на Французинот на кој се гледа како еден од клучните фудбалери за новиот мега проект на саудискиот газда.

Дваесетипетгодишникот претходната сезона настапи на 26 натпревари во „црно-белиот“ дрес, а постигна три гола и забележа четири асистенции. Притоа тој јавно ги критикуваше своите соиграчи за неуспешноста неговите додавања да ги претворат во погодоци.

Се вчитува...