Колку заработуваат селекторите на СП во Катар: Флик е прв, светскиот првак е само трет

Објавени се платите кои ги заработуваат селекторите на 32 репрезентации учеснички на Светското првенство во фудбал кое на крајот на годината ќе се игра во Катар. На врвот на листата е селекторот на Германија, Ханси Флик кој годишно заработува по 6,5 милиони евра.

На второто место се наоѓа селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт кој заработува 700.000 евра годишно помалку од неговиот колега од Германија, додека на третото место е францускиот селектор и актуелен светски првак Дидие Дешамп со годишна заработка од 3,8 милиони евра.

Во топ 10 уште се наоѓаат и: Тите (Бразил) 3,6 милиони, Луј ван Гал (Холандија) 2,9 милиони, Херард Мартино (Мексико) 2,9 милиони, Лионел Скалони (Аргентина) 2,6 милиони, Феликс Санчез (Катар) 2,4 милиони, Фернандо Сантош (Португалија) 2,25 милиони и Мурат Јаки (Швајцарија) 1,6 милиони.

 

Се вчитува...