Визата веќе не е проблем: Абердин со добредојде за Бојан Миовски (видео)

Бојан Миовски од денеска и официјално е нов член на Абердин откако македонскиот репрезентативец ја доби неопходната работна дозвола за да се пресели во Шкотска и да почне да ги брани боите на новиот клуб.

Македонскиот голгетер уште пред извесно време го комплетираше трансферот од МТК Будимпешта, ги одработе и подготовките на тренинг-кампот во Шпанија, но потоа мораше да чека комплетирање на визата и работната дозвола за да може да замине во Шкотска.

Чекањето конечно заврши, па Миовски денеска им се приклучи на новите соиграчи.

Неговото официјално деби за Абердин се очекува на неделниот куп-дуел со Реит, а интересно е што во првото коло од новата сезона Абердин ќе се сретне со шампионот Селтик, меч на кој Миовски исто така би требало да настапи за новиот клуб.

Се вчитува...