По трансферот од Челси, Ромелу Лукаку се вратил во Милано со преголема тежина, по што му било наредено веднаш да се врати на неговата строга медитеранска диета. Последното мерење покажало дека Белгиецот има преку 100 килограми.
Ромелу Лукаку минатата година ја напушти Италија во најдобрата форма во својот живот, но се врати во Интер со прекумерна тежина по тешката сезона во Челси. 29-годишниот фудбалер со консусултација со нутриционистите е советуван на специјална диета за време на неговиот прв ангажман на „Сан Сиро“.
„Газета дело Спорт“ објави дека Лукаку, поминува низ тешки денови на тренинзите и е на персонализирана диета за да може да се врати на физичкото ниво на кое беше пред 12 месеци.
Методите на Интер се покажаа како одлични кај играчот, откако за време на неговиот прв престој во Интер, успеа да постигне 64 гола на 95 натпревари. Во таа сезона тајната на неговиот успех, беше во неговата медитеранска исхрана и храната избрана за него од медицинскиот персонал на Интер. Ова му овозможи да се подобри и физички и психички, успевајќи да постигне поголема брзина на теренот, како и подобрена физичка издржливост.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА