Барселона со еден потпис заработи 400 милиони евра

Шпанскиот гигант Барселона се соочи со тешки финансиски проблеми предизвикани од коронавирусот поради кои тимот мораше да го напушти и Лео Меси, но истите ги надмина по превземањето на клубот од страна на Жоан Лапорта.

Каталонците не само што успеаја да ги подмират долговите туку ова лето направија и неколку големи трансфери како оние на Роберт Левандовски и Рафиња кои чинеа 110 милиони евра, а сега ќе добијат уште 400 милиони евра на располагање откако продадоа уште 15 отсто од телевизиските права на американскиот инвестициски фонд Sixth Street.

Ова не е прв пат Барселона да направи соработка со Американците кои претходно откупија 10 отсто од телевизиските права за 207.5 милиони евра на 25 години.

Се вчитува...