Новиот фудбалер на Барселона, Роберт Левандовски се уште не е регистриран за каталонскиот клуб, пренесува германскиот „Билд“.
Германските медиуми пренесуваат дека професионалната шпанска лига има строги правила за регистрација на фудбалери. Шпанските клубови не смеат неконтролирано да носат нови засилувања, нешто со што се соочува каталонскиот гигант.
„Билд“ пренесува дека Барселона ги нема регистрирано ниту Рафиња, Кеси и Кристенсен, а новите фудбалери во моментов може да играат само на пријателски натпревари. За да може да го реши овој проблем Барселона ќе мора да продаде неколку играчи меѓу кои и Френки де Јонг и Мемфис Депај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

