„Роналдо ќе игра и во своите четириесетти“

Кристијано Роналдо и понатаму се обидува да го напушти Манчестер јунајтед ова лето. Португалецот и понатаму го нема на подготовките во Тајланд и Австралија и очекува да ја промени средината.

Иако има проблем да најде нов тим, селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантош не се грижи за него.

„Кристијано е подготвен да игра и во своите четириесетти, но тој не знае дали тоа ќе се случи. Во некој момент може да почувствува дека не е во најдобра кондиција како некогаш. Кога ќе почувствува дека не може да биде меѓу најдобрите самиот ќе се повлече“, изјави Сантош.

Се вчитува...