Нејмар беше најомразениот фудбалер на ПСЖ од фановите на францускиот клуб по елиминацијата од ЛШ од Реал Мадрид, раководството на клубот веќе неколку месеци бара купец за да го продаде скапиот Бразилец, но трансферот го компликува огромната плата што тој ја има на „Паркот на принцовите“ (загарантирани 40 милиони евра).
Екс-фудбалерот на Барселона делува препородено откако на клупата на ПСЖ пристигна Галтие, француските медиуми јавуваат дека тој го променил и односот при тренинзите и сега се однесува максимално професионално, се со цел да ја продолжи својата иднина во клубот.
„Она што можам јас да го кажам е дека сакам да останам во ПСЖ. Тоа е мојата желба, да бидам тука и во следната сезона. По весниците се пишува се и сешто, но јас немам никаква поинаква информација од клубот. Не чувствувам потреба да се докажувам пред било кого, фокусиран сум на подготовките за наредната сезона, што се надевам дека ќе ја минам во ПСЖ“, изјави Нејмар.
Француските медиуми тврдат дека Нејмар во изминатите триесетина дена бил понуден на Барселона, Челси и Манчестер Сити, но трите клуба јасно ставиле до знаење дека не се заинтересирани да го доведат во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА