Навивачите на Тетекс повторно го кренаа гласот против новата управа на тетовскиот клуб, која според нив не ги исполнува дадените ветувања откако го презеде раководењето. Најновата реакција следи по убедливиот пораз од 5-1 на тетовци на пријателскиот меч со Гостивар.
Соопштението на навивачите на Тетекс го пренесуваме во целост:
„Поминаа два месеци откога дојдоа новите ,,реформатори” во Фудбалскиот клуб Тетекс, многу проекти се најавуваа уште на самиот почеток, се пофалија со еден ПВЦ прозор кој не е од нивен џеб туку донација од родител на фудбалер, беше најавено и заминување (платено) за припреми во Струга за отпосле да добијеме информации дека се откажале бидејќи било многу голем трошок.
Неделава се одиграа два контролни натпревари против ФК Работнички пораз од 4-1, каде на полувреме Тетекс водеше, а во вториот дел прими сомнителни четири гола, и денеска уште повисок пораз од 5-1 против ФК Гостивар.
Тешко и жално за ФК Тетекс е тоа какви легенди го раководат клубот, бидејќи никој не ги знае амбициите кои што и ги немаат.
Тетекс оваа сезона за жал ќе се бори само за опстанок и ништо чудно уште на полусезона да го снајде како лани што го снајде ФК Кадино.
Ќе ја пратиме ситауцијава и понатаму.
Напред Тетекс е буден!
За Тетекс Тетово, Засекогаш!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

