Тајсон Фјури по најновата победа објави дека дефинитивно става крај на фантастичната боксерска кариера, но медиумите во Велика Британија продолжуваат со шпекулациите дека „кралот на циганите“ е подготвен за камбек и последна борба со сонародникот Ентони Џошуа.
Фјури денеска се јави со свој став преку сопствениот инстаграм-профил, најавувајќи дека камбек е можен само под еден услов, се за фановите вистински да уживаат во оваа мега-пресметка.
„Ако сакате да се вратам, уште денеска ќе го потпишам договорот за организација на оваа борба – но имам само еден услов- се мора да биде бесплатно. Борбата мора да оди на телевизија за сите да ја гледаат без да платат, влезниците за стадионот исто така треба бесплатно да се поделат. Сите зборуваат за историска борба за британскиот бокс, ако е навистина историска, треба сите да уживаат во неа, а никој да не заработи. Јас ги диктирам условите и кажав што имам да кажам – земете или оставите“, порача Тајсон Фјури.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА