Шоу на Хари Кејн, Тотенхем со пресврт до триумф над Глазгов Ренџерс (видео)

Тотенхем забележа нов триумф во подготовките за новата сезона, овојпат славејќи со 1-2 на гостувањето на „Ајброкс“ против шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс.

Шкотите го завршија првото полувреме со предност од 1-0 со погодокот на Чолак, но вториот дел мина во знакот на Хари Кејн. Капитенот на „спарси“ најпрвин стрелаше прецизно од петнаесетина метри за израмнување, за пресвртот да го комплетира на асистенција на Сон.

Се вчитува...