Фудбалерите на Вардар претрпеа пораз од 1-0 на контролниот натпревар против Скопје што денеска се одигра на стадионот Железарница. Двата тима имаа свои шанси за постигнување гол, но мечот беше решен во последната минута, кога Чурлинов одлично се снајде и го матираше голманот на „црвено-црните“.
Интересен натпревар се одигра и во Битола, каде Пелистер по голема борба го совлада Тиквеш со минимални 3-2. Резултатот на полувреме гласеше 1-1, за битолчани со подобра игра во вторите 45 минути да стигнат до победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

