Интер се мачи да влезе во форма во подготвителниот период, откако „нероаѕурите“ го загубија денешниот пријателски меч со Ленс, со минимални 1-0.
Инзаги повторно експериментираше со составот, мечот го почна без Лукаку и Лаутаро Мартинез (со Џеко и Кореа во нападот), но „нероаѕурите“ се мачеа да искреираат посериозна шанса во противничкиот шеснаесетник. Ленс ги имаше најубавите шанси, за францускиот состав на крајот да слави со голот што го постигна Опанда во 90. минута.
Единствениот погодок од овој натпревар можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА