Лоша вест за Шкупи: Динамо пукна „петарда“ пред доаѓањето во Скопје

Динамо Загреб експресно го остави зад себе разочарувачкото реми со Шкупи (2-2), па вечерва на гостински терен го декласираше Славен Белупо со 1-5, во рамките од второто коло од хрватскиот шампионат.

Овој меч беше „генералка“ за реваншот во Скопје од квалификациите за ЛШ, а тренерот Анте Чачиќ реши да одмори неколку првотимци, меѓу нив и капитенот Аријан Адеми. Проблемите се појавија уште во првата минута, откако по само 39 секунди игра беше досуден пенал за Славен Белупо по што домашниот состав стигна до предност.

Сепак, тоа беше само мотив повеќе за „модрите“ да заиграат шампионски и со серија одлични потези не само да направат пресврт, туку со пет гола јасно да стават до знаење дека кризата е надмината. Батурина го постигна израмнувачкиот погодок, по што во листата на стрелци за Динамо се запишаа и Оршиќ, Дрмиќ, Мишиќ и Шпикиќ.

Се вчитува...