ПСЖ успешно го заврши шопингот во Лајпциг

ПСЖ успешно финишираше уште едни преговори за трансфер, откако беше постигнат целосен договор за доаѓањето на Норди Мукиеле во таборот на новиот француски првак.

Станува збор за 24-годишен одбранбен фудбалер кој настапува како десен бек и централен дефанзивец, кој пристигнува во ПСЖ од редовите на Лајпциг. Германскиот клуб сакаше да го задржи, но откако Мукиеле одби нов договор, а стариот истекува во јуни 2023, челниците на Лајпциг беа принудени да го продадат за да не ризикуваат тој следното лето да си замине без никаква отштета.

Челниците на ПСЖ подолг период преговараа со Лајпциг, за на крајот да биде постигнат целосен договор. Финансиските детали засега не се објавуваат во јавноста, но се шпекулира со сума од 12 милиони евра, како уште еден доказ дека ПСЖ го прекинува трендот на плаќање на огромни отштети при ангажманот на нови фудбалери.

Се вчитува...