Прво „Ел Класико“ и веднаш херој – Рафиња со проектил го торпедираше Реал Мадрид

Барселона славеше со 1-0 над Реал Мадрид во првиот дуел меѓу двата големи шпански ривали што рано утрово беше одигран во Лас Вегас. Каталонците беа подобар противник во текот на натпреварот, а во таборот на Реал очигледно беше отсуството на Карим Бензема, без чија помош нападот на „кралевите“ делуваше немоќно.

Роберт Левандовски имаше две шанси во првото полувреме кои не успеа да ги искористи, но полскиот ас со прикажаната игра јасно покажа дека ќе биде супер-засилување на Барса.

Сепак, ова „Ел Класико“ мина во знакот на Рафиња, кој одлично се снајде во 27. минута и по грешката на Милитао биеше незапирливо во мрежата на Тибо Куртоа.

Се вчитува...