Партизан катастрофално ја стартуваше новата сезона во српскиот шампионат, откако во првите три кола „црно-белите“ веќе направија два „кикса“, по ремито во Ниш против Раднички од 3-3 синоќа ремизираше и на првиот домашен меч против ТСЦ со 0-0.
Тренерот Столица барем засега делува како бледа сенка од претходникот Станојевиќ, кој до самиот финиш на ланската сезона водеше битка за титулата со Црвена Звезда. Вчерашното издание со ТСЦ српските медиуми го опишаа како „здодевно и безидејно“, вината префрлувајќи ја токму кај Столица, кого го споредуват со Бата Мирковиќ како еден од најслабите тренери на Партизан во последните десетина години.
Навивачите јасно ставија до знаење дека се незадоволни откако ги построија фудбалерите пред јужната трибина по дуелот со ТСЦ, но проблем за Столица е што и управата почна сериозно да се сомнева во неговите тренерски квалитети.
Како што пишува „Спортски Журнал“, кај раководството на Партизан владее оромно разочарување и во најскоро време ќе се дискутира за довербата во тренерот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА