За него ќе се снимаат филмови: Момчето без една рака продолжува кон сонот наречен НБА (видео)

Дека треба да се борите за се она што го сакате не е само обична фраза – доказ за тоа е пасијата на Емануел Хансел, 18-годишниот кошаркар кој не го крие сонот еден ден да заигра во НБА-лигата, без оглед на големиот физички хендикеп откако на шестгодишна возраст му била ампутирана левата рака.

Иако останал без рака откако врз него се урнал ѕид, Хансел никогаш не се откажа од својот сон – професионално играње на кошарка. Тој прикажуваше одлични игри во средното училиште, атрактивно забивајќи, прецизно шутирајќи тројки, но и делејќи асистенции до соиграчите.

Кога наполни 18 години, до Хансел стигнаа понуди за спортски стипендии од неколку одлични универзитети, а тој викендов објави дека ја прифатил онаа на Нортвестерн, универзитет кој има кошаркарска екипа во НЦАА-лигата.

Тоа треба да е последниот чекор до сонот наречен НБА-лигата, но едно е сигурно,кога станува збор за Хансел, за него не постои зборот „невозможно“.

А со сето она што го прави досега, младиот Американец заслужува за него во иднина да бидат пишувани книги и снимани филмови…

Се вчитува...