Југослав Тренчовски, нов тренер на Ал Араби

Струмичкиот фудбалски стратег Југослав Тренчовски во новата сезона ќе ја има улогата на шеф на стручниот штаб на повеќекратниот кувајтски првак Ал Араби.

Тренчовски минатата година замина во Кувајт како нов предводник на фудбалската академија на Ал Араби, а квалитетната работа на македонскиот стручњак беше препорака за тој да добие шанса и како шеф на стручниот штаб.

Ал Араби ја заврши ланската сезона на седмата позиција, а со денешното именување на Тренчовски најавено е дека амбиција на тимот ќе биде борба за враќање на тронот на кувајтскиот фудбал.

Се вчитува...