Шарл Леклер беше големиот трагичар на денешната трка за ГН на Франција откако возачот на Ферари излета во 18. круг. Тој делуваше како да има удобна предност во однос на Ферстапен кога загуби контрола над болидот и заврши во заштитната ограда.
Врисокот на Леклер преку тимското радио најдобро говори за неговото разочарување, кое возачот од Монако не го криеше ниту по завршувањето на трката.
„Премногу размилував и скапо платив за тоа, само за момент ја загуби контролата над болидот и се беше готово. Се обидов премногу широко да го фатам свиокот, гумата сигурно удри во нешто и немаше враќање. Јас сум виновен, ако продолжам со вакви грешки дефинитивно не заслужувам да бидам шампион. Тоа е реалноста, губам премногу поени на свои грешки, седум во Имола, денеска 25… искрено жалам бидејќи го имавме најдобриот болид на денешната трка, а јас тоа не успеав да го искористам“, изјави Леклер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА