Наполи ќе има проблеми повторно да се бори за највисок пласман по заминувањата на Инсиње, Мертенс и Кулибали, а тренерот Лучијано Спалети не ја крие нервозата поради пасивноста во преговорите за ангажман на нови играчи.
Подебелиот крај го извлече најдобриот стрелец на „наполитанците“, Виктор Осимен, кој на денешниот тренинг влезе во конфликт со тренерот, по што беше избркан порано да се упати кон соблекувалните.
Нигериецот не бил задоволен што Спалети не „свирнал“ фаул за да го заштити при еден негов дуел со Остигард, по што страстите за само неколку секунди зовреле, па Осимен бил испратен на „ладење“.
🚨 Lite con Spalletti per Osimhen
❌ allontanato nel corso dell’allenamento pomeridiano dal mister dopo un contrasto di gioco con Ostigard e le proteste del nigeriano che non si placavano. Ci aveva provato Anguissa a calmarlo, poi l’intervento di Spalletti.#Osimhen #Napoli pic.twitter.com/6BHoOyfjq3
— Manuel Guardasole ✍🏻 (@MGuardasole) July 24, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА