Темуе Бакајоко преку видео објавено на својот инстаграм профил проговори за страшниот инцидент пред десетина дена во Милано, кога фудбалерот на Челси (на позајмица во Милан) беше запрен на улица од полицајци кои му извадија пиштол барајќи да се идентификува.
Полицијата призна дека било збор за грешка бидејќи следеле осомничен со сличен идентитет, но Бакајоко не крие дека е разочаран од односот на службениците кои треба да го спроведуваат законот.
„Секој може да згреши немам проблем со тоа. Она со што имам проблем е начинот на кој реагираа… ако сакале да знаат кој е во автомобилот можеа да го дознаат тоа на едноставен начин – со комуникација, да прашаа, ќе им одговоревме. Сите го видовте видеото, но тоа е можеби и најмирниот дел од она што се случи. Никој ништо не праша, само се свртев и видов пиштол на половина метар од главата. Дефинитивно ни го загрозија животот, тие не беа сигурни дека ние сме лицата што ги бараат, а сепак ги извадија пиштолите и ги свртеа кон нас. Последиците можеа да бидат страшни, но за среќа се занимавам со професија преку која многу луѓе ме препознаваат“, истакна Бакајоко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

