Легендата на Барселона, Лионел Меси пред една година реши да го напушти каталонскиот великан и првпат во професионалната кариера облече дрес на друг клуб.
Аргентинецот очигледно не се снаоѓа баш најдобро во ПСЖ, далеку е од она што беше во Шпанија, затоа е често на мета на критики во француската јавност.
За сезоната која следи Барселона склопи силен тим, но не се откажува од Лионел Меси за во иднина. Како што пишува „Диарио Спорт“, Чави имал разговори со првиот човек на клубот Лапорта и разговарал за кам-бек на Меси. Тренерот побарал Аргентинецот да се врати во клубот од 2023 година, кога неговиот договор со ПСЖ истекува. Претходно и Лапрота даде изјава со која најави дека ќе направи се за Лео да се врати во Каталонија.
„Меси е играч кој е дел од семејството на Барса, време е да го вратиме таму кај што припаѓа“, биле зборовите на Чави, а пренесени од близок извор до каталонскиот клуб.
Откако Чави ја презеде Барселона успеа да во вистинска смисла да го препороди тимот. Легендата дојде од Ал-Сад и брзо го извади клубот од кризата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА