Кирјиос повторно шокираше: Роџер, Рафа и Новак се ментални животни!?

Контроверзниот тенисер, Ник Кирјиос уште еднаш реши да испрати комплименти на сметка на „големата тројка“ на тенисот која ја сочинуваат Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Австралискиот тенисер загуби во финалето на Вимблдон од Новак. Две недели по турнирот во Лондон тој повторно даде шокантна изјава, но овојпат на необичен начин имаше само пофалби за најдобрите тенисери во историјата.

„Човек мора да биде ментално животно за да освои Грен слем титула. Им оддавам почит на Новак, Рафа и Роџер. Играв против еден од нив во финале и почувствував дека е свеж, како да не играл тенис во тие две недели. Ниту еднаш не изгледаше потресен“, изјави Кирјиос.

Се вчитува...