Халанд со урнебесен коментар: Гвардиола е луд!

Ерлинг Халанд ова лето се збогуваше од Дортмунд и реши да потпише за Манчестер Сити каде имаше идеален старт со оглед на тоа што во првиот меч погоди за победа во пријателската средба против Баерн Минхен.

Репрезентативецот на Норвешка очигледно веќе се прилагодил во тимот, но можеби и опуштил повеќе отколку што треба. Напаѓачот се осврна за работата на новиот тренер, па даде урнебесен коментар за Пеп.

„Гвардиола е луд и тоа ми се допаѓа. Значи ќе биде забавно. Минав само една недела, па не можам да кажам премногу, но добро тренирав и подготвен сум за она што следува. Како што веројатно сите знаете, гледав многу натпревари на Сити во последните години, а во последните години беа без класичен напаѓач, така што се разбира дека се гледав себеси во овие ситуации, па затоа не сум изненаден“, порача офанзивецот.

Се вчитува...