Клоп нема дилема: Ливерпул го има тимот за новата сезона во Англија

Ливерпул уште во раната фаза беше активен на трасфер пазарот кога се во прашање засилувањата, па така најзвучното име кое се пресели на „Енфилд Роуд“ беше Дарвин Њуњез, а пристигнаа уште талентираните Фабио Карваљо и Калвин Рамзи.

Откако се потпишаа новите фудбалери, „црвените“ мируваат, а така и ќе остане освен во случај на некои непредвидени работи како повреда или барање некој да си замине. Ова го најави и Јирген Клоп, кој истакна дека тие веќе го имаат составот за престојнава сезона.

„Освен ако немаме повреди или продажба на играчи ние го имаме нашиот тим за следната сезона. Се надеваме дека нема да има, па навивачите на Ливерпул ќе можат да се фокусираат на други работи. Не зборувам за овие работи што ги знаете. Погледнете ги резултатите, а не процесот – не заборавајте“, порача Јирген.

Се вчитува...