Јуве бара „деветка“ од резервите на Ливерпул и на Јунајтед!

Во центарот на вниманието на Јувентус е доаѓањето на Алваро Мората во Торино. Шпанецот претходните две сезони ги мина во тимот на „старата дама“ како позајмен играч од Атлетико, но сега повторно се врати Мадрид.

Јуве се обидува да го откупи договорот на Мората, но „јорганџиите“ не се подготвени да го продадат напаѓачот со кој имаат договор до 2024 година. Тимот од Торино се надева дека ќе му угоди на Симеоне и ќе успее да го откупи договорот на Мората за 18.000.000 евра, но тоа е речиси тешко остварливо.

Италијанските медиуми пишуваат дека алтернативни решенија се резервните играчи на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, Роберто Фирмињо и Ентони Марсијал.

Фирмињо минатата сезона го загуби местото во тимот на Јирген Клоп, ситуацијата за Бразилецот може само да се влоши со доаѓањето на Дарвин Нуњез од Бенфика. Веќе е подготвена и понуда од 20 милиони евра, но проблем е што Клоп не сака ни да чуе за продажба на Дирмино.

Што се однесува до Марсијал, Французинот се надева на нов почеток под водство на Ерик тен Хаг, искористувајќи го одлично отсуството на Кристијано Роналдо од тренинзите и постигнувајќи три гола на првите четири пријателски натпревари.

Сепак, со враќањето на Роналдо и останувањето во Јунајтед, Марсијал веројатно повторно би паднал во втор план, па опцијата за разделба со „црвените ѓаволи“ е реална за Французинот. Јунајтед би го продал за околу 20.000.000 евра.

Се вчитува...