Комичен повик за првпат виден во фудбалската историја: Боливија преку социјалните мрежи бара нов селектор (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Боливија на предизвика потсмев во фудбалскат јавност откако реши да бара нов селектор преку социјалните мрежи.

По отказот на досегашниот корилар Сесар Фариас после неуспехот во последниот мундијалски квалификациски циклус, Боливијците сѐ уште бараат кормилар, па се одлучиле да напишат повик до сите заинтересирани и да го објават на интернет.

„Отворен е повик за доставување на Си-Ви за избор на нов селектор на репрезентацијата. Домашните и странските стручњаци може да ги испраќаат своите апликации до 29 јули“, стои во огласот на боливиската федерација.

Боливија во последните три децении премногу слабо котира на светската фудбалска карта, а последен пат играше на едно СП во 1994 година во САД. Оваа селекција има една титула од Копа Америка од далечната 1963 година и три учества на Мундијалите, последен во 1994 година.

 

 

Се вчитува...