Македонскиот репрезентативец Ердон Даци имаше извонредно свое деби во најсилната лига на Белгија со својот клуб Вестерло.
Даци беше еден од најзаслужниот за минатосезонски пласман на Вестерло во најсилната белгиска лига, а сега во првиот натпревар од новата сезона во Првата лига на Белгија, македонскиот напаѓач веднаш го постигна својот прв погодок.
На синоќешниот дуел против Серкл Бриж, кој Вестерло го доби со 2-0, Ердон Даци го постигна првиот гол за својот тим во 39. минута од средбата.
Даци одигра одлични 80 минути на теренот, притоа издвојувајќи се, според белгиските медиуми, и како најдобар поединец на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

